Свет

Орбан на листата непријатели на слободата на медиумите на РСФ

Првпат премиер на земја-членка на Европска Унија се најде на листата на Репортери без граници (РСФ) непријатели на слободата на медиумите.

На листата објавен денеска има 37 шефови на држави и влади кои, според РСФ, значително ја поткопаа слободата на медиумите, а еден од нив е премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Нови имиња на листата покрај унгарскиот премиер, се и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, саудискиот принц Мохамед бин Салман и премиерката на Хонг Конг, Кери Лам.

Во образложението, РСФ наведува дека Орбан е непријател на слободата на медиумите од доаѓањето на власт во 2010 година, користејќи методи на политички и економски махинации, уништување на угледот како и принудување на автоцензура, со цел да се контролираат медиумите.

РСФ наведува дека Орбан од доаѓањето на власт постепено ги става медиумите под контрола, а Јавниот сервис е централизиран во рамките на државниот медиумски холдинг МТВА. Регионалните медиуми се во целосна сопственост на пријателите на Орбан од 2017 година, а најважните независни медиуми се затворени.

На листата непријатели на слободата на медиумите се и претседателите на Русија, на Белорусија и на Кина, Владимир Путин, Александар Лукашенко и Си Џинпинг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Трамп се огласи по наводниот план на Иран за негов атентат: Американската војска е подготвена да ги уништи сите ирански области

Tea Dimkovska

Во пожарот во Шпанија загинаа 12 лица – се трага по 23 лица исчезнати во огнената стихија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе