Македонија Топ вести

Дел од градоначалниците бараат нов мандат од партиите

Актуелните градоначалници на Прилеп, Илинден, Петровец, на скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, до своите партии ќе поднесат кандидатури за нов градоначалнички мандат.

Додека партиите, барем официјално, се уште ги разгледуваат партиските сондажи чие име котира највисоко за да ја добие партиската поддршка, дел од актуелните градоначалници веќе ги подготвуваат биографиите и програмите за нова кандидатура.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, за Телма подтврди дека ќе ја поднесе својата кандидатура до партиската централа откако ја добил поддршката од дел од сопаратијците во градот.

Поддршката од повеќе месни одбори на СДСМ е причината и за нова кандидатира на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, што тој ја потврди за Телма, а потврда дека од партијата ќе бара нов четиригодишен мандат стигна и од градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.

Тој најави дека до 5 јули треба да ја поднесе и официјално кандидатирата до СДСМ, за што како што вели, ќе се трка со уште неколку свои сопартијци.

И Стефан Богоев од општина Карпош ќе ја бара поддршката од СДСМ за нов мандат.

„Уште има  време, но предложен сум од членството“, изјави Богоев за Телма.

И дел од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ја бараат партиската поддршка за нов мандат.

Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, за Телма потврди дека донел лична одлука да се кандидира за нов мандат, но доколку не добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе одлучи дали ќе истапи како независен кандидат..

„Јас донесов лична одлука да се кандидирам. Втора фаза е во наредниот период дали ќе ја добијам поддршката од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на партиските процедури. Од тоа ќе зависи дали ќе кандидирам како независен кандидат. Различни се процедурите за партиската кандидатира и за независен кандидат и рано е сега да се дефинира тоа. Одлуката ќе ја донесам откако ќе заврши партиската процедура“, вели за Телма Стојановски.

Неговиот сопартиец, Борче Митевски, градоначалникот на општина Петовецпак ја нема дилемата дали ќе биде партиски или независен кандидат, тој за Телма изјави дека ќе се трка за нов мандат само со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку патијата и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМБЕ сметаат дека сум успешен тогаш ќе прифатам, во спротивно нема да се кандидирам“, изјави Митевски.

И градочалникто на Кавадрци, Митко Јанчев, кој на претходните локални избори победи со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори најави дека ќе се кандидира и оти ќе ја бара поддршката од партијата, но од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ја коментираат најавата дека ќе ја бара нејзината поддршка.

Во изминатите четири години Јанчев и и раководството на партијата имаа несогласувања по што нивните релации се заладија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе