Македонија Топ вести

“Вон ѕидовите” – мото на парадата на гордоста

Со преставникот на Македонија на годинешниот Евросонг, Васил Гарванлиев  беше отворена музичката програма на годинешната парада на гордоста откако претходно еден час поддржувачите на ЛГБТИ заедницата и на трансродовите луѓе маршираа низ улиците во Скопје.

Меѓу првите се обрати и мајка на девојка која им порача на сите родители да си ги прифатат децата такви какви што се, никако да не се откажуваат од нив и да разговараат со нив.

Вон ѕидовите” е мотото на годинешната парада која се одржува по втор пат во земјава и која ги обединува различностите.

Нивната порака е дека повеќе не треба да се сокриваат, бидејќи треба да имаат право на учество во сите сфери на живеењето, слобода и исти права

Но излегоа и со барања за носење на законот за правно признавање на родот. Со него велат ќе се направи суштинска промена во докажувањето дека не се граѓани од втор ред.

Целта е да  се афирмира борбата за видливост и да се освои јавниот простор.

На парадата присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски со сопругата како и министри од владата и претаници.

Контра парада пак е најавена за вечерва во Bитола и е организиранa од неподдржувачи на ЛГБТИ заедницата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе