Плажите не се преполни, но водата е топла и првите туристи веќе уживаат на дојранското крајбрежје. Во Дојран почна туристичката сезона.
Приватните сместувачки капацитењти на локалните жители, но и хотелите велат дека имат резервации и се надеваат на добра посетеност.
Големите жештини викендов привлекоа голем број посетители.
Велат дека Дојран се развива, и задоволни се од понудата, но сметаат дека мора да се внимава и на хигиената на околината, особено кога е навала од гости.
Минатата година Дојран оствари околу 100 илјади ноќевања како и претходните години. Иако беше сезона во вонредни услови, сепак, поради затворените граници туризмот во овој град успеа да опстане.
Сузана Мицева
