Македонија Топ вести

Со блокада на влезот на Градиште – Пештанци бараат враќање на имотите

Жителите на Пештани денеска со блокада на влезот на автокaмпот Градиште уште еднаш го изразија својот револт и побараа да им се вратат национализираните имоти.

Над 100 наследници од 35 семејства кои во Градиште имаат земјиште во вредност од 30 милиони евра  со вкупна површина од 150 илјади метри квадратни, се жалат дека 21 година се одолговлекува постапката за денационализација на нивните имоти, кои тврдат дека сега се узурпирани.

Нашето земјиште сега  е предмет на криминал, на корупција, експлоатација,  на лично богатење  и анархија. Кога зборувам за анархија ве замолувам да влезете внатре и да видите како државни службеници, инспектори, судии градат на нашет место, велат жителка.

Протестот го органзиираше Здружението на граѓани Оревче, под мотото “правда за Градиште-вратете ни ги имотите”.

Се пожалија дека МПЦ ги добила назад национализраните имоти, но не и обичните граѓани.

Тие со децении се обидуваат да дојдат до земјиштето на атрактивни локации, а сега  се заканија  дека ова е последен мирен протест и најавија порадикални мерки.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе