Свет Топ вести

Парламентарни избори во Бугарија, кои ја чинат државата 75 милиони евра

На специјални машини за гласање и под строги здравствени протоколи бугарските граѓани денеска гласаат на најскапите парламентарни избори, кои ја чинат државата 75 милиони евра, Бидејќи речиси 25 милиони евра беа наменети за набавка на вакцини, а 25 милиони евра за машинско гласање. Владејачката партија од десниот центар ГЕРБ се чини дека има голема предност, иако според анкетите, по изборите нема да има јасна мнозинска коалиција во разделениот парламент. Бројот на заболени од коронавирус во Бугарија се зголемуваи и тешко е да се предвиди колку луѓе ќе излезат на изборите. Премиерот и претседателот и на овој ден ги спротивставија своите ставови. Борисов повторно го критикуваше Радев дека изборите можеа да се закажат една недела подоцна за да се видат подобрите резултати во справувањето со третиот бран од пандемијата со Ковид-19 во Бугарија.

Тоа е тоа. Дојде денот. Луѓето нека го изберат кого сакаат. Се разбира можеше да се една недела покасно, да не беше инаетот на претседателот. Ги гледате податоците денеска и во последните три дена – 25, 22, 18 отсто, ние веќе излегуваме од третиот бран, поминавме половина милион вакцинирани. За една недела би биле во подобра форма, рече Борисов.

Радев, пак денеска, две недели по обзнанувањето, за првпат го коментираше и шпионскиот скандал во Бугарија за протекувањето информации до руските служби од бугарската војска. Тој ја нападна извршната власт, која место да се фали треба да одговара за предавање на националната безбедност.

Ако судот го потврди масовниот упад во личната безбедност, тоа значи дека имаме длабок внатрешен проблем што ја компромитира не само националната безбедност, туку и безбедноста на сојузниците, и сериозно ја дискредитира Бугарија, вели Радев.

Анкетите покажуваат дека помеѓу 28,1 и 28,6 проценти од Бугарите кои гласаат ќе ја поддржат партијата ГЕРБ, предводена од трикратниот премиер Бојко Борисов, додека 19,8% до 21,8% би го поддржале неговиот клучен ривал, бугарската Социјалистичка партија.

Овој момент е пресуден за Бугарија, ве молам гласајте и немојте да дозволите никој друг да одлучува за вашата иднина и за идната на вашите деца – Корнелија Нинова, лидер на Сцијалистичката партија.

Граѓаните очекуваат промени за подобра иднина, но велат дека голем е бројот на оние кои се плашат да излезат на избори и поради механизмот на грасање.

Гласам за промени, за подобра иднина, за нашите деца да живеат во мирна земја, образованието и развојот да бидат на добер пат – Марија Татарска, гласач

Не очекувам голема излезност на овие избори, луѓето се плашат, а се пласат и од механизмот на гласање – Силвија Борисова, гласач.

Со оглед на загриженоста за пандемијата од коронавирус, процентот на излезност се очекува да биде најмал во последните 20 години.

Нема сомнеж дека Ковидот ќе има влијание на овие избори, очекувам пониска излезност од просечната. Обично во Бугарија има меѓу 50 и 60 проценти одзив на парламентарните избори последните 20 години – Димитар Ганев, политички аналитичар.

Седум партии се очекува да освојат места во парламентот со 240 членови, покажаат анкети спроведени помеѓу 26 и 30 март, што значи дека ниту една од најголемите партии не очекува јасна мнозинска коалиција.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Студентските домови се затвораат за студенти над 30-годишна возраст – измени во законот за студентски стандард

Sasko Dimovski

Ќе се изгаснат ли цигарите во кафулиња и на дел од јавниот простор од 1 август?

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе