Македонија Топ вести

Мевљудин Алити: Имав одобрение за обнова на објектот, ова е политичко рушење

Имав одобрение за обнова на објектот, рече пред малку пред новинарите сопственикот на објектот пред ТЦ „Мавровка“ Мевљудин Алити, кој денеска се урива.

Според него во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, само да не излегува од постоечката површина.

Алити, кој го презентираше проектот за обнова пред новинарите, вели дека немало планирано да се гради  втор кат. „Не градев нов објект туку го обновував изгорениот објект, кој предходно беше со метална конструкција“, дециден Алити.

Тој обвини дека некој сака да го отстрани од таа локација која како сопственик ја поседува со децении. Алити рече дека вака и во минатот се рушело политички, потенцирајќи го случајот Космос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе