Ковид19 Свет Топ вести

Во Германија развиен нов тест за коронавирус

Фармацевти на германскиот универзитет „Хале-Витенберг“ развиле начин за откривање мали количини коронавирус во раствор за миење на устата, користејќи техника што може да се употреби за тестирање.

Студијата користеше примероци на раствор со кој пациентите заразени со новиот коронавирус ја плакнеле устата, успешно откривајќи го вирусот со помош на масена спектрометрија, соопшти Универзитетот.Новиот метод мора дополнително да се разработи пред да може да се користи како стандардна дијагностичка алатка за да се надополнат постојните тестови на коронавирус, се наведува во соопштението.

Овој тест е мошне специфичен, бидејќи таргетира протеински компоненти кои постојат само во новиот коронавирус, познат и како Сарс-КоВ-2.

Ние ги мериме пептидите што доаѓаат од вируси, а не од генетски материјал, објасни Андреа Синц, која работи на студијата.

Во моментов се потребни 15 минути за да се добијат резултатите од тој тест, а тие се значајни дури и со мали количини на раствор за плакнење. Тим на фармацевти работи на скратување на времето за тестирање.

Ако тестот се покаже како успешен, мерењата би можеле да ги спроведе неспецијалистички персонал, велат научниците.

Иако новиот метод нема да биде достапен веднаш, Синц вели дека се надева дека тестот би можел да биде во функција за неколку месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе