Ковид19 Свет Топ вести

Флорида бележи повеќе новозаболени од Ковид- 19 од цела Европа

Упад на вчерашната прес конференција , за состојбата со Ковид-19, на гувернерот на Флорида, Рон де Сантис. На пресот на кој присуствуваше и градоначаникот на Мајами, Дејд Карлос Хименез, гувернерот де Сантис беше прекинат во говорот, од човек, кој подоцна беше идентификуван како Томас Кенеди- државен координатор на Флорида , на групата за застапување на имигрантите. Кенеди побара оставка од гувернерот, зашто како што рече , немал план за справување со здравствената криза и ја лажел јавноста.

Засрамете се! Вие сте за срам, луѓе!  Имаме рекорден број случаи секој ден , а вие не правите ништо! Вие ги фалсификувате информациите и ја лажете јавноста. Над 4.000 луѓе умреа, а вие ги обвинувате демонстрантите“. Вие момци немате план и не правите ништо! Срамете се! Не ме допирајте, држете социјална дистанца! Не ме допирајте! Срамете се  двајцата! Вие ја лажете јавноста. Вие немате план! 4000 луѓе починаа! Би требало да добиваме записник, секој ден! Срамете се! Треба да поднесете оставка! Да си дадете оставка!- Томас Кенеди- координатор на група за имигрантите.

Според интернет страницата на Флорида, во оваа држава се пријавени вкупно 4.242 смртни случаи од корона вирусот. Во саботата , околу 11% тестирани лица се покажале позитивни, а бројот на хоспитализирани , за еден ден бил 248. Со тоа до вчера, вкупниот број лица во болниците низ државата достигна 18400.

Флорида во неделата соопшти за повеќе нови случаи на корона вирус, отколку цела Европа. Инфицирани се 15300 лица, што е најголем дневен раст во однос на која било држава за време на пандемијата. Претходниот рекорд го постави Калифорнија и тоа , минатата среда, со 11694 позитивни случаи.

Во САД се регистрирани нови 56100 заразени со корона вирус во последниве 24 часа. Со тоа, вкупната бројка заразени порасна на 3 361 042 случаи, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс. Од Ковид-19, во САД, во последното деноноќие починале 377 лица, а вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 135582.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе