Ковид19 Македонија Топ вести

Во споредба со претходната недела- расте бројот на оздравени, се намалува на починати

Во неделниот извештај од Институтот за јавно здравје за периодот од 6 до 12 јули годинава, стои дека е значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување има на бројот на починати во споредба со претходната недела.

Бројот на оздравени е рекорден и изнесува 1017, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела, односно од 29 јуни до 5 јули.

Во дадениот период направени се вкупно 9.995 тестирања, односно 1.573 повеќе од предходната недела. Регистрирани се 1.073 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 156 случаи повеќе од претходната недела.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,8%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,1%, потоа кај лица од 50-59 години – 19,3% и помеѓу 40–49 години – 18,8%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 3.7%, и од 10-19 години – 3,3 % од вкупниот број на новозаболени.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4%. 35 од случаите се починати во болнички услови, а 1 вон болнички. Кај 29 од смртните случаи (80,6%) регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на Ковид-19, се вели во извештај од Институтот за јавно здравје.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за „трговија со дете“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе