Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Нови 88 случаи со Ковид-19, тројца починати, 123 оздравени пациенти

По една недела исполента со црни рекорди на новозаболени и починати, повторно регистриран двоцифрен број на нови случаи и едноцифрен процент на позитивни тестови. 88 новозаболени и три жртви е билансот на епидемијата на Ковид-19 во последното деноноќие а 123 лица се водат како оздравени.

Според официјалните информации на министерството за здравство направени се 973 теста од кои 9 отсто се позитивни. Во последните 24 часа тројца пациенти ја загубија битката со коронавирусот. Станува збор за двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 и 72 години кои беа хоспитализирани во Градската болница и 76 годишна штипјанка која почина во болницата во градот.

Од почетокот на епидемијата се регистрирани 385 жртви а во моментов активни се 3.486 случаи.

И денеска најголем број на заболени се регистрирани во Скопје – 30, кој е најголемото жартиште на вирусот со вкупно 1.788 заболени. Заболени има уште во 15 градови низ државата.

Во Свети Николе каде епидемијата ескалираше во последните неколку дена а бројката се искачи на 110 активни случаи регистриранм само еден новозаболен. Епидемиолозите утврдија дека потеклото е од кластер во Штип. Најголем дел од новите случаи се вработени во текстилна конфекција која веќе е затворена а во моментов се спроведува анкета и тестирање на вработените.

Анализата на Комисијата за заразни болести покажала дека споредено со претходните три недели, бројките на новозаболени во државата малку се покачени но процентот на позитивни тестови и хоспитализирани пациенти останал. Филипче соопшти не се очекува зголемен број на пациенти во болниците.

Течат подготовките за есенскиот бран на вирусот и за таа цел во 16 града каде веќе постојат општи болници и здравствени домови ќе се формираат регионални ковид-центри.

Станува број за дополнителни времени капацитети, монтажни модуларни болници, креирање на посебни патеки и услови, како и лоцирање и прилагодување на капацитети кои би можеле да се користат како привремени ковид-центри.Утре претставници на министерството и на Комисијата ќе имаат состанок со директорите на болниците од 16 градови на кој ќе се разговара за капацитетите и техничките потреби на овие центри.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе