Избори 2020 Ковид19 Македонија Топ вести

Како ќе изгледа гласањето!

Како ќе изгледа гласањето: маска на лице, спреј на палец, дистанца од сите за безбедно ливче во кутија

Гласачкото ливче ќе го најде патот до кутијата, но во сосема поинакви услови од оние кои ги знаеме од досегашните избори. Маркер на подот за безбедно растојание, одборот со маски и ракавици, проретчени и разделени столчиња за набљудувачите, дезинфекциско средство и гласачка кутија во средина. Во среда вака ќе изгледаат сите 3480 избирачки места, а на симулацијата на уникатните ковид избори дојдоа и оние што ќе ги спроведуваат и оние што се задолжени за протоколите како и амбасадори и претставници на ОБСЕ/ОДИХР.

На влез во гласачко место ќе стојат полицајци, внатре во објектите ќе влегуваат само оние кои имаат маска, останатите ќе мора да си стават ако сакаат да влезат и гласаат.

Пред избирачкото место ќе има маркери за одржување на дистанца, а внатре ќе може да влезат онолку гласачи колку што има паравани за гласање.

Пред избирачкото место, училница или друг вид на просторија гласачите ќе чекаат ред доколку има некој внатре, влегуваат кога ќе излезе претходниот гласач, прво со УВ лапма ќе им се провери палецот поради што гласачите не мора да носат ракавици. Од растојание ќе дадат лична карта, за идентификација ќе ја симнат маската и ќе го добијат своето гласачко ливче и ќе бидат испрскани со спреј. По заокружувањето на својот избор – ливчето го уфрлаат во кутијата. Симулацијата помина увежбано и брзо. Поради новите пандемиски услови над 380 избирачки места се сменети со нови простории, пошироки и побезбедни за директните учесници во изборниот процес.

Досега над 3 и 100 граѓани се пријавиле како болни и изнемоштени, а бројот е поголем за околу 50 проценти од ланските претесдателски избори затоа што сега во оваа графа се и хронично болните. Нова категорија болни и изолирани поради Ковид 19- сега има список од 137 пријавени гласачи, а рокот за пријавување е до полноќ и преку општинските изборни комисиии и директно преку формулар на сајтот на ДИК. Проблем е што една третина од 300 здравствени работници кои се дел од специјализирани гласачки одбори за заразените гласачи побарале да бидат смени од должноста.

Сега ДИК ќе бара повторно нови членови на посебните избори од списокот здравствени работници кои министерството им го доставило за секоја општина посебно.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе