Избори 2020 Македонија Топ вести

Кој со твист, кој со трчање- кампањата се ближи кон крајот

Кој со твист, кој со трчање…Предизборно се разбиструваат глави и се одржува кондиција за уште седум дена кампањска трка. Претходните денови се посетуваа фабрики, фарми, работеа и со бор-машини, се опробаа и кој знае да избере поубави праски на пазар. Се ловеа риби, но во погрешна гардероба…

Вирусот се најде и во партиска програма, си мереа и температура, но им се случи и по некој здравствен гаф. Твитерџиите гледаат сеир и прават пародии

Како се ситнат деновите, така опаѓа и нивото на реториката.

Во меѓувреме, Ахмети му стави кече на Гоце Делчев, Зибери веќе си направи влада, а Села се закани дека таа може да биде и чисто албанска. Спотовите се посебна приказна. Свиткана кичма што се исправа со допир, поставување на прашања сами на себе…Добија многу критики, но аналитичарите велат дека, сето тоа си има своја цел.Големите партии ангажираат професионалци, се обраќаат на целни групи, иако понекогаш работите можат и да излезат од контрола.

Она што им е заедничи содржател е насоченост кон критика и исмевање на другиот, а премалку решенија за проблемите на тие на кои им се обраќаат.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за „трговија со дете“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе