Ковид19 Свет Топ вести

Земјите од регионот бележат нови рекорди на заболени

Сосотојбата со Ковид инфекцијата во регионот не се смирува, бројките растат земјите бележат нови рекорди на заболени. Српската војска испратена во Нови Пазар на помош на лекарите, во уште четири града во Србија од денеска е прогласена вонредна состојба. Словенија со 30 новозаболени го испишува најлошиод ден во последните два и пол месеци од почетокот на епидемијата.

Ковид инфекцијата не стивнува, Србија отвора нови Ковид болници, армијата во Нови Пазар постави монтажна болница со 170 легла. Во последното деноноќие во земјата официјално се потврдени 325 нови инфицирани, починаа осум. Најтешка е сотојбата во Нови Пазар, лекарите велат болеста не бира возраст, смртност има и кај младите кои немаат никакво друго заболување. Поради влошената епидемиолошка ситуација во девет градови во Србија е прогласена вонредна сосотјба меѓу кои и Белград, Шабац и Чачак. Епидемиолозите прогнозираат дека пикот ќе трае уште најмалку седум дена.

-Така што во наредните седум дена очекуваме да биде главната битка со овој дали е втор пик на првиот бран или втор бран за тоа дури и најголемите наши стручњаци не се сигурни, вели Мехо Махмутовиќ, директор на болница Нови Пазар.

Српскиот министер Златибор Лончар најави дека беградска Арена од понеделник ќе биде монтажна болница, а во план се и останати здравствени капацитети кои ќе се пренаменуваат во Ковид болници.

-Од понеделник ќе биде во финкција и привремената болница во спортската сала Арена, која ќе има околу 500 кревети со сите услови. Од вторник ортопедската клиника Бањица се враќа во Ковид системот и ќе биде Ковид болница. Следно кога овие капацитети ќе се пополнат е болницата во Пожаревац, која кога ќе има потреба ќе се пренамени во Ковид болница, вели Златибор Лончар, министер за здравство на Србија.

Најлош ден од почетокот на епидемијата во Босна и Херцеговина во последните 24 часа потврдени се дури 218 заболени, ова е рекорд на заболени во еден ден.

Во последните два и пол месеци и Словенија бележи највисок биланс на заболени од Ковид – 19, со новопотврдени 30 случаи, што е двојно зголемување од преходниот ден кога имаше 16. За разлика од почетокот на епидемијата сега меѓу новоинфицираните има голем број и млади луѓе.

На глобално ново бројот на инфицирани се искачи на речиси 11 милиони, а повеќе од 500.000 починаа. На врвот на листата се САД и Бразил, како и медитеранските земји во Европа. Од СЗО предипредуваат дека стапката на инфекцијата е се уште висока и земјите не се подготвени за вториот бран.

-Во моментов, бројот на луѓе кои се позитивни на вирусот на ни дава заштита од новиот втор бран на инфекцијата или вториот пик во овие моменти. Ние навистина мораме да ги дуплираме мерките за надзор кои ги имаме на располагање. Мораме да ја сузбиеме инфекцијата. Мораме да ја намалиме смртноста, рече Мајкл Рајан, СЗО.

Голем број европски земји неделава ги отворија границите, Србите без девонеделен карантин може да патуваат во Велика Британија, каде денеска работат и баровите.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунел во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе