Вести Свет Топ вести

Тројца загинати и 11 повредени во железничка несреќа во Хрватска

Три лица загинаа од кои едно дете, а 11 беа повредени во стравотна железничка несреќа, која се случи синоќа во Хрватска, кога патнички воз удрил во товарен. На спасувачките служби им биле потребни часови да стигнат до местото на несреќата, која се случила на тешко достапен терен.

Двајца од загинатите се вработени во Хрватски железници, додека третата жртва според хрватските медиуми била ученик.

Според хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ниту еден од повредените не е во животна опасност, додавајќи дека дури осуммина од нив биле странски државјани.

Товарниот воз, од засега непознати причини стоел на пругата помеѓу станиците Окучани и Новска, кога на него налетал патничкиот воз.

Се случи железничка несреќа во која возот кој сообраќал на релација Винковци – Новска вечерва околу 9 и 30 налетал на товарен воз кој стоел, од причини кои ќе треба да бидат утврдени, најверојатно поради некаков дефект. За жал, според податоците кои за сега ги имаме животот го загубија три лица, 11 се повредени. Тие се пренесени со Брза помош во болниците во Парач, пакрац, Нова Градишка и Славонски брод, и таму им се дава помош. Меѓу нив има и некои кои се потешко повредени, но според информациите од лекарите никој од овие 11 хоспитализирани во овој момент не е во животна опасност, изјави пленковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе