Вести Свет Топ вести

Рама: Нов сајбер напад од Иран, сега врз TIMS системот

Нов сајбер напад од Иран, сличен на оној на владините служби на 15 јули, овој пат на TIMS системот на граничните премини во Албанија.

Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на објава на Твитер напиша дека нападот го извршиле истите агресори.

Уште еден сајбер напад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од сојузничките и пријателски земји на Албанија, се случи синоќа на системот ТИМС. Во меѓувреме, ние продолжуваме да работиме деноноќно со сојузниците за да ги направиме нашите дигитални системи непробојни, напиша на Твитер.

Топ чанел дознава дека нападот го снимиле полициски специјалци синоќа околу 22:00 часот.

Сајбер нападот бил регистриран во 22 часот синоќа, по што системот бил исклучен за да не им се даде можност на хакерите да напредуваат, во преземањето на контролата врз овој систем, најважниот за албанската полиција.

По сајбер нападите кои вон функција три недели ги остави владините сервиси а за кои премиерот Рама рече дека е потврдено оти се извршени од Иран, албанската влада на 7 месецов одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран. Ваквата одлука Иран ја оцени како „неоснована и непромислена, донесена под влијание на трети земји“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе