Вести Свет Топ вести

Чарлс утре официјално ќе биде прогласен за крал

Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет.

Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот трон.

По враќањето од замокот Балморал во Шкотска, каде што вчера почина кралицата, тој прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас, а вечерва првпат ќе и се обрати на нацијата.

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол, а државната жалост се очекува да трае 12 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Аудио- визуелно предавање за македонската рок музика вечерва во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе