Вести Свет Топ вести

20 повредени откако шумски пожар зафати воз во Шпанија, патниците ги искршиле прозорците за да побегнат

Шумски пожар зафати воз во Шпанија, во близина на Кастелон на североистокот на земјата. Дури 20 патници се здобиле со изгореници, од кои тројца потешко, откако скокнале од возот зафатен во пожар, пишува Гардијан.

Машиновозачот, кој го возел возот од Сагунто во источната провинција Валенсија до Сарагоса, го запрел возот кога видел дека поради пожарот е премногу опасено за да продолжи.

Откако застанал, се подготвувал да го врати возот наназад.

Но голем број патници, стравувајќи дека возот ќе се запали, ги скршиле стаклата и панично избегале. Двајца патници со најтешки изгореници се евакуирани со хеликоптер.

Останатите, меѓу кои и 10-годишно девојче, се префрлени во блиските болници. Според службите за итна помош, меѓу патниците кои се здобиле со најтешки изгореници по бегството од возот е и 58-годишна жена.

Кога видоа дека се опкружени со оган, се вратија во возот и неколку од нив се здобија со изгореници, изјави портпаролот на шпанската железничка компанија Ренфе.

Ксимо Пуиг, претседателот на Валенсија, рече дека над 1.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради силните ветрови што го разгореа пожарот во Бејис, Валенсија. Тој додаде дека двајца пожарникари се здобиле со изгореници.

Валенсија е последниот шпански регион кој се бори со сериозни шумски пожари за време на продолжениот топлотен бран во Шпанија. Пожарите доведоа до уништување на десетици илјади хектари шума.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парното поскапува до 6 отсто – претседателот на Регулаторна најави можна нова корекција на цената до крајот на годинава

Дејан Дејан

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе