Дваесет и седумгодишен маж синоќа бил примен во Клиничкиот центар во Тетово со тешки телесни повреди. Настанот бил пријавен во СВР Тетово во 20:30 часот.
„Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З., на возраст од 61 година од Тетово, ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, што го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава, затоа што било несреќен случај. Полициски службеници излегле на местото“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
