Вести Свет

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Авион на „Американ Ерлајнс“ од Рим кон Филаделфија принудно слета во Даблин, откако поголемиот дел од членовите на екипажот се пожалиле на гадење и вртоглавица.

Летот AA719 бил во воздух околу три часа кога пилотите се пренасочиле кон Даблин, известувајќи ја контролата на летање за неодредена итна медицинска состојба во авионот.

Според неофицијални информации, шест од деветте членови на екипаж имале здравствени проблеми. Тие наводно се пожалиле на вртоглавица и општа слабост. Во изјава за „Симпл Флајинг“, авиокомпанијата наведува дека бил пријавен „необичен мирис во авионот“ и вели дека авионот бил пречекан од болничари, додавајќи дека бил прегледан и еден патник.

Патниците биле пренасочени кон други летови, додека авионот е во Даблин за инспекција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Стоиљковиќ: „КУД Српски вез“ осамна со натписи УЧК, државата сторителот најстрого да го снакционира

Kristina Kuzmanovski

Гостивар нека биде за памет, со здравјето и безбедноста на граѓаните нема играње – Тошковски со порака до одговорните во општините и директори на јавни претпријатија

Sasko Dimovski

Ангелов: Уредот за хлорирање во Крушево не работел еден час поради немање струја, случајот не може да се споредува со Гостивар

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе