Вести Свет

Над 15.000  Руси го загубија својот живот во украинската војната

САД проценуваат дека руските загуби во Украина достигнале околу 15.000 загинати и можеби 45.000 ранети, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс, додавајќи дека и Украина исто така претрпела значителни загуби.

Речиси пет месеци откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на соседот на Русија, нејзините сили макотрпно го освојуваат регионот Донбас во источна Украина и заземаа околу една петтина од земјата.

Барнс говорејќи на форумот за безбедност во Аспен во Колорадо рече дека тоа многу ги чинело бидејќи биле убиени нешто над 15.000 руски сили, а уште повеќе се повредени, а исто така и Украина претрпела големи загуби.

Русија не ги открива бројките на загинати војници, бројката ја класифицира како државна тајна и не ги ажурира податоците за бројот на загинати лица, само на 25 март беше објавено дека загинале 1.351 руски војник.

Владата во Киев во јуни соопшти дека дневно се убиваат од 100 до 200 украински војници.

Доколку Западот продолжи да го снабдува Киев со оружје со голем дострел, како што се артилериски ракетни системи за висока мобилност (ХИМАРС) од САД тогаш се очекува да расте и бројката на загинати војници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора: Се плашат од мафијаш кој јадел ќебапи од човечко месо

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе