Останато Спорт

Најтон со четврти резултат на сите времиња на 200 метри

Осумнаесет годишниот американски спринтер Ерион Најтон стана четвртиот најбрз човек на 200 метри откако на митингот во Батон Руж делницата ја мина 19 секунди и 49 стотинки.

Најтон, кој на Олимписките игри во Токио го освои четвртото место воедно го подобри рекордот за атлетичари до 20 години. Тој претходно во 2021 на американските квалификации патеката ја мина за 19 секунди 84 стотинки, а сега во Батон Руж беше побрз за 35 стоти дека од секундата.

Светскиот рекорд е сопственост на Усаин Болт, кој пред 13 години забележа време од 19 секунди и 19 стотинки, а побрзи од Најтон се уште Јохан Блејк и неговиот сонародник Мајкл Џонсон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе