„Примопредавањето на функцијата на премиерот како протоколарен гест се практикува во услови на неоспорен легитимитет. Имајќи предвид дека ги прекршивме уставните и деловните процедури, не сакам да му дадам легитимитет на очигледното кршење на демократските и законските постулати со симулирање на регуларност“, изјави поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ.
Тој, како што рече, оставил јасна порака во кабинетот за минливоста.
– Ќе помине – напиша накратко Кривокапиќ на Твитер.
43-тата влада на Црна Гора, чиј премиер е Дритан Абазовиќ, беше изгласана во четвртокот на собраниската седница.
