Вести Свет Топ вести

Кривокапиќ одбива да му ја предаде власта на новиот црногорски премиер Абазовиќ

„Примопредавањето на функцијата на премиерот како протоколарен гест се практикува во услови на неоспорен легитимитет. Имајќи предвид дека ги прекршивме уставните и деловните процедури, не сакам да му дадам легитимитет на очигледното кршење на демократските и законските постулати со симулирање на регуларност“, изјави поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ.

Тој, како што рече, оставил јасна порака во кабинетот за минливоста.

– Ќе помине – напиша накратко Кривокапиќ на Твитер.

43-тата влада на Црна Гора, чиј премиер е Дритан Абазовиќ, беше изгласана во четвртокот на собраниската седница.

Формирана нова црногорска влада, досега најголема, ќе ја води Абазовиќ, прв Албанец на највисоката извршна функција во Подгорица

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе