Вести Македонија Топ вести

Сега е моментот Македонија  да стане дел од ЕУ – велат безбедносните експерти

Сега е моментот земјите од западен Балкан, меѓу кои и Македонија  да станат дел од Европската унија е заклучокот од денешната дебата на тема „Безбедност, трговија и меѓународно право – можно влијание од руската агресија врз Украина“, која се одржа на штипскиот Правен факултет, а во организација на „Конрад Аденауер“. Даниел Браун директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ смета дека Европската Унија треба воено да зајакне, но и да биде поефикасна во процесот на проширување.

  • Тоа значи од една страна ЕУ треба да биде побрза и поефикасна во отпочнувањето на пристапните преговори, но во исто време сите ЕУ членки треба да бидат свесни дека во моментот имаме поважни прашања, од некои билатерални спорови. Тоа треба да се решава во рамки на ЕУ, а не да се користи како пречка да се спречи влезоот на друга земја во ЕУ, вели Браун.
  • Се надевам дека оваа страшна војна ќе  биде јасен сигнал за нашите општества, во Северна Македонија во Бугарија и во Европа, значаен сигнал за важните одлуки  што треба ги носи членството во НАТО и се надевам и наскоро и ЕУ членство за Северна Македонија- Димитар Лилков од Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс.

Македонија треба јасно да се позиционира, да почне преговори за членство и да избегнеме потенцијални конфликти, сметаат универзитетските професори. Според нив на Балканот отворени се неколку прашања. Секој замрзнат конфликт колку подолго трае, толку и потешко се решава. Нашата држава мора да се подготвува и за нови удари врз економијата и социјалната стабилност.

Хаџи Јанев забележа дека не може да се даде прогноза кога ќе заврши и до кога ќе трае конфликтот во Украина. Според него во моментов ситуацијата на терен  наликува како во 1939 година.  Забележува дека светот кој го знаеме се менува, а ефектите од конфликтот ќе ги чувствуваме уште долго.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Аудио- визуелно предавање за македонската рок музика вечерва во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе