Вести Македонија Топ вести

На снимката од полицискиот рушвет на Блаце се слуша како полицаецот и командирот се расправаат дека 20 евра не е стандардот за мито

(ФОТОГРАФИЈАТА Е НАПРАВЕНА ОД ВИДЕО-ПРИЛОГ НА ТВ КЛАН- АЛБАНИЈА)

На снимката која ја објави албанската телевизија РТВКлан се гледа дека најмалку двајца полицајци учествуваат во „договарањето“ цена за брз трансфер без контрола на граничниот премин Блаце. Уште еден полицаец е во шалтерска просторија и покрај него поминуваат командирот, полицаецот кој ги носи пасошите и двајца возачи на комбето, на кои им се бара мито.

Внатре командирот Шкрета Е. преговара со албанските државјани за митото за пропуштање, а во еден момент се вклучува полицаецот и заедно почнуваат да сметаат колку пари да земат. 8 се вкупно, а двајца се возачи, значи 6, вели полицаецот.

Потоа возачот прашува колку треба вкупно, а полицаецот го прашува командирот, дали по 20 евра. Луѓето во униформа не кажуваат сума и оставаат на албанските државјани сами да пресметаат. На крај возачот првин вади две банкноти по 50 евра, а кога униформираните митаџии од македонската полиција почнуваат да зборуваат додава уште една од 20 евра.

На снимката се слуша и мала расправија на полицаецот со командирот, му вели имаме стандарди откако во целата конвезрација претходно беше спомната и сума од 30 евра по човек.

-Ај доста со муабети. За овие кога и да дојдат по 20 евра, му вели командирот на својот потчинет полицаец со повисок глас.

А на украдените „муштерии“ од Албанија им вели: Ова го направивме минимално.

МВР потврди дека внатрешната контрола почнала да работи на случајот веднаш по дознавањето, а истрагата ја води одделот за полициски злоупотреби во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Првичните информации се дека се опфатени повеќе полициски службеници.

Гоце Делчев Тодев од Независниот полициски синдикат преку јавни објави, оцени дека за овој случај придонел лошиот избор на командири за раководни позиции преку комисија во која има членови само од МВР и од Македонскиот полициски синдикат, а не и од останатите полициски синдикати.

За 20 евра пропуштале патници на граничниот премин Блаце – началникот заврши во притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Водата во Крушево повторно безбедна за пиење

Kristina Kuzmanovski

Пожарот во Франција сѐ уште под закана од повторно разгорување

Kristina Kuzmanovski

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе