Вести Македонија Најважни

За 20 евра пропуштале патници на граничниот премин Блаце – началникот заврши во притвор

Телевизија Клан објави видео како началник на граничниот премин „Блаце“ зема мито од 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки на граничниот премин.

Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан поточно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.

„Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“, открива бизнисменот за Клан.

Екипата на „Стоп“ потоа замина на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа беше побаран поткуп од 20 евра по човек.

Утринава од одделот за внатрешна контрола истакнуваат дека во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно се работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце.

Заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши за ТВ21 потврди дека е приведен раководителот на смена на граничниот премин Блаце, откако тој е снимен како бара 20 евра мито.

„Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила“, потврди заменик министерот.

Неофицијално, првопријавениот е Е.Ш од Скопје, раководител на смена на преминот меѓу Македонија и Косово, додека другиот полицаец кој се појавува на видеото се дознава дека е З.Р.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе