Останато Спорт

Кугларите на „Макпетрол“ го освоија националниот куп

Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола беше домаќин на купот во куглање на Македонија којшто го освои скопскиот клуб „Макпетрол“. Актуелните шампиони на земјата, кои пред извесно време без пораз ја осигураа 21 титула во домашната лига, за 2022 година се носители на двојната круна, откако триумфираа и на неодамна одржаниот национален куп.

 

Второто место припадна на „Пелистер“, додека на турнирот учествуваа и „Макпетрол Б“, кои завршија на третото место. По нив се пласираа екипите на ГТЦ и на „Империјал“. Првиот тим на „Макпетрол“ имаше 3.400 соборени дрвца, а играчите Јаглишиќ и Марковиќ беа предводници во победничкиот поход на екипата.

 

Откако заврши куп-натпреварувањето, претседателот на Кугларската федерација на Македонија, Предраг Николиќ ги додели пехари и наградите на турнирот, но и ги прогласи најдобрите тимови во националниот шампионат за сезоната 2021 / 2022 година. Победничкото признание во лигата го доби „Макпетрол“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе