Вести Ковид19 Македонија Топ вести

За 31 отсто е намален бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 во Македонија

Продолжува намалувњето на бројот на заразени,  хоспитализирани и починати од КОВИД-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април 2022 година.

Тестирани се вкупно 14.434 материјали, а регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи, со намалување од 31,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,4% до 10,6%, просечно 7,3%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000, Демир Капија – 132,4/100.000 и Ресен – 132,2/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај возрасните групи од 0-9 (13,7%) и 10-19 (11,6%), а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 20-29 (26,6%).

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.706 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 4,6% помалку во споредба со минатата недела (n=1.789). Вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5% во однос на претходната недела.

Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела
(28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел од
нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група
над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на
лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група
од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а
најзабележително намалување во споредба со минатата недела има кај возрасната
група 50-59 (38,1%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани
услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со претходната седмица.

За  36,1% е нален бројот на реинфекции и вкупно се евидентирани 175.

Пријавени се 10 смртни случаи, за 23,1% помалку во однос на претходната недела (n=13). Најголем дел од нив се од Скопје (6). Во однос на возраста, регистрирани се 9 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ на РСМ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 54 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите. Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 04-09.04.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Велес, Охрид и Гевгелија. Во 3 (5,6%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 51 (94,4%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3% помалку во
споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка, а нема лица на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 6 апруил 2022, вакцинирани се вкупно 873.332 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза се вакцинирани 155.817 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе