Вести Свет Топ вести

Две третини од украинските деца мораа да ги напуштат своите домови поради војната

Скоро две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови во последните шест недели поради руската инвазија, објави агенцијата на ОН за деца УНИЦЕФ.

ОН потврдија дека најмалку 142 деца биле убиени во војната, додавајќи дека реалниот број е речиси сигурно многу поголем.

Мануел Фонтејн, директор на програмите на УНИЦЕФ, кој неодамна се врати од Украина, рече дека 4,8 од 7,5 милиони украински деца ги напуштиле своите домови, нешто што тој не го видел во толку краток период од 31 година хуманитарна работа.

„Од 3,2 милиони деца за кои проценуваме дека се оставени во своите домови, речиси половина се изложени на ризик од недостиг на храна“, рече Фонтен пред Советот за безбедност на ОН.

Украина: Русите однеле 121.000 деца од Украина, подготвуваат закон за побрзо посвојување

Тој предупреди дека ситуацијата е многу веројатно многу полоша во градовите како Мариупол и Керсон, каде што нема вода и канализација, а снабдувањето со храна и лекови е прекинато.

Серхиј Кислица, амбасадорот на Украина во ОН, тврди дека Русите однеле повеќе од 121.000 деца од Украина и дека подготвува закон кој би требало значително да ја поедностави и забрза постапката за посвојување.

Фонтен рече дека засега нема докази за наводите, додавајќи дека УНИЦЕФ ќе ги испита наводите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе