Вести Свет Топ вести

Зеленски: Не сум подготвен да дадам ниту еден дел од територијата во замена за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес.

Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во разговорите за ставање крај на војната, но на прашањето дали е подготвен да се откаже од кој било дел од Украина за мир, тој рече дека „не е подготвен да се откаже од својата земја“.

Тој исто така рече дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија и покрај тоа што полуостровот беше анектиран од Русија во 2014 година.

Американскиот претседател Бајден и лидерите на НАТО изразија бес поради руските злосторства во Буча и го прашаа Зеленски што треба да направат понатаму, на што тој одговорил: „Тие мора да достават оружје во Украина“.

Зеленски рече дека Украинците го бранат правото на живот.

„ Никогаш не мислев дека ова право е толку скапо. Тоа се човечки вредности што Русија не може да избира што да правиме и како јас да ги искористам моите права. Тоа право ми го даде Бог и моите родители“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател изјави и дека е подготвен да го даде животот за својата земја.

„ Не сакам да изигрувам херој. Го сакам моето семејство. Сакам да живеам уште многу години, но помеѓу бегството и да бидам со мојот народ, секако дека сум подготвен да го дадам животот за мојата земја“, порача Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе