Вести Свет Топ вести

Макрон и Ле Пен во старо-нова битка да ги добијат гласачите

Не грешете, ништо не е одлучено, им се обрати актуелниот француски претседател Емануел Макрон на своите поддржувачи, откако ја заврши изборната трка во првиот круг со 27,4% освоени гласови. На Макрон кој се бори за втор мандат му следува тешка двонеделна битка затоа што зад врат му дише против кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен, за која се определија 24% од гласачите. Макрон на говорницата излезе релаксиран, но свесен дека за вториот круг ќе треба да работи многу понапорно од првиот. На гласачите им вети дека неговиот проект нуди поголема солидарност отколку на крајната десница, за чиј раст во земјата , рече дека е загрижувачки.

Сакам да подадам рака на сите оние кои сакаат да работат за Франција. Подготвен сум да направам нешто ново за да ги обединам различните убедувања и чувствителности, за да изградам со нив заедничка акција во служба на нашата нација во годините што доаѓаат. Тоа е наша должност, изјави Емануел Макрон – кандидат за претседател на Франција.

Зад Макрон веќе застанаа кандидатите на Конзервативната, Социјалистичката, Зелената и Комунистичката партија, сите обединети само со една цел – да ја спречат евентуалната победа на Ле Пен.

На трето место со солидни 22% од гласовите застана ветеранот на крајната левица Жан Лук Меланшон, кој сега ја има улогата на одлучувачки фактор. Не смеете да и дадете ниту еден глас на Ле Пен, им рече Меланшон на своите гласачи, но за разлика од другите, отворено не го поддржа Макрон. Составувајќи една петина од гласовите, гласачите за ветеранот добро ја сфатија пораката, и ќе размислат дали ќе излезат за втриот круг.

Единствено јасно е дека нема да има ниту еден глас за екстремната десница, никогаш за фашистите кои можат да дојдат на власт. Мораме да го земеме предвид и презирот што Макрон го предизвика во неговите пет години на власт, неговите апели не успеаа. Потребни се заложби за работничките класи и за луѓето кои страдаат. Тоа го нема направено пет години, па ќе видиме, изјави гласач за Жан Лук Меленшон.

Зголемените животни трошоци во Европа, и ветувањата дека ќе ги намали даноците, а за оние под 30 години и ќе ги укине, Марин Ле Пен најдобро помина кај возрасната група од 35 до 65 години. Во кампањата не го спомнуваше национализмот, но ветува радикални промени во Европа, вклучувајќи ја имиграцијата. Во вториот круг ќе може да смета на поддршката од гласачите на Ерик Земур, чиј суров национализам му донесе четврто место, исто како и дел од другата десница, кои заедно бројат 33% од гласовите. Земур отворено ги повика своите гласачи да ја поддржат Ле Пен, што за нив е сосема нормално.

Сакам да кажам дека е и природно затоа што повеќе не го поднесувам Макрон. Јас сум учител, тој го уништи училиштето, неговиот министер ќе има големо задоволство или неговите наследници да размислат за приватизација на не знам што друго, па затоа е природно да сакаме да го елиминираме Макрон од политичкиот живот, рече Александер Де Велис, поддржувач на Ерик Земур.

Анкетите предвидуваат тесна победа на Макрон со 51 наспроти 49%. Актуелниот шеф на државата се претпоставува дека ќе ги искористи блиските врски на ле Пен со Кремљ од каде и беа префрлени пари за минатата кампања. Французите отсекогаш беа поделени меѓу отвореноста кон светот и национализмот на Ле Пен. Макрон добро ја балансираше оваа поделеност, но сега ќе мора да се загрижи, затоа што екстремизмот на неговата опозиција е во сериозен пораст.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе