Во неделниот извештај на ИЈЗ за состојбата со пандемијата Ковид-19 во Македонија се наведува дека во минатите 7 дена во нашата држава биле тестирани 8,2% примероци помалку во однос на седмицата претходно, односно 14 873 луѓе.
Од нив биле регистрирани 1 602 ново заразени со Корона вирусот, што е помалку за 5,3% во споредба со претходната недела. Процентот на позитивните тестови се движел меѓу 4,2% до 12,5% , односно просечно 10,2%.
Најголем дел од заразените се во старосната група над 60 години, односно 27% од новозаразените се во таа категорија.
Од новите 1602 заразени со Ковид-19, пријавени се и 272 реинфекции, што е за 1,5% повеќе од претходните 7 дена.
Минатата недела од последици од заболувањето со Ковид-19, починале 12 луѓе, од 8 градови во државата, што е 45,5 % помалку во однос на претходните 7 дена.
11 од жртвите се на возраст над 60 години а еден починат во категоријата од 50 до 59 години.
Истовремено, во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ биле испитани 92 примероци на заразени со SARS CoV-2 вирусот. Од испитаните примероци, кај 93,5% од испитаните примероци , односно 86 луѓе биле заразени со таканаречената „stealth“ варијанта на Омикрон сојот на Ковид-19 (БА.2), додека кај само 6 мина била потврдена BA.1 варијантата на Омикрон сојот.
