Вести Свет Топ вести

Невидена бруталност- Столтенберг за убиените цивили во украинска Буча и порача „војната мора да заврши“

Оваа војна мора да заврши, ужасно и неприфатливо е да се пука во цивили, оцени генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за CNN откако денеска беше откриена масовна гробница во градот Буча во близина на Киев.Првичните информации се

-Тоа е бруталност кон цивилите, каква што не сме виделе во Европа со децении. И тоа е ужасно и апсолутно е неприфатливо цивилите да бидат цел и да бидат убивани. И тоа само ја нагласува важноста дека оваа војна мора да заврши, одговори Столтенберг на прашањето дали чинот е геноцид.

Одговорните, додаде тој, треба да одговараат.

-Одговорност на претседателот Путин е да ја запре војната. Исклучително важно е Меѓународниот кривичен суд да ја продолжи истрагата за потенцијалните воени злосторства во Украина и да ги стави на маса сите факти, наведе Столтенберг.

Столтенберг рече дека заминувањето на руските војници од областа Киев „не е вистинско повлекување“.

-Она што го гледаме е дека Русија ги преместува своите војници и враќа некои од нив за повторно да ги вооружи, да ги зајакне, да ги снабди. Не треба да се биде преголем оптимист бидејќи нападите ќе продолжат, реќе генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенберг го нарече репозиционирањето на руските трупи „промена на стратегијата“ за дополнување со повеќе сили во јужна и источна Украина, каде што руските сили и сепаратистите поддржани од Москва се борат за контрола на регионот на Донбас.

Повеќе од 400 мртви цивили пронајдени во околината на Киев, улиците на Буча прекриени со безживотни тела

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе