Вести Свет Топ вести

Трагедија во рудникот „Соко“ во Србија, загинаа осум рудари

Осум рудари загинаа рано утринава во експлозија на метан во рудникот Соко кај Сокобања во Србија. По несреќата 18 рудари се префрлени во болницата Алексинац. Во моментот на несреќата работеле 49 рудари.

Директорот на Општата болница Алексинац, Горан Видиќ изјави дека по несреќата во рудникот за јаглен во болницата се хоспитализирани 18 рудари – тројца со тешки телесни повреди, а останатите со полесни повреди.

„Сите пациенти кои не се итни и планирани операции беа откажани, пациентите беа пуштени, ги мобилизиравме другите одделенија во зградата. Го известив директорот на клиничкиот центар професорот Перишиќ дека можеби ќе биде потребно некој да се испрати таму. Во моментов немаме проблем со капацитетот“, изјави Горан Видиќ, директор на Општа болница Алексинац.

Во клиничкиот центар во Ниш се згрижени двајца рудари и двајцата со повреди на градниот кош. Директорот на болницата д-р Зоран Перишиќ вели дека клиничкиот центар има капацитет и дека сите служби се подготвени за прием на повредени во рударската несреќа.

„Имаме најава пристигнување на поголема група – меѓу 20 и 30 повредени рудари, па сите ќе бидат прегледани и најверојатно згрижени во Клиничкиот центар. Ние сме спремни и опремени сите тие повредени да ги прегледаме и згрижиме. Секој ќе ја добие најдобрата медицинска нега, во тоа нема сомнеж“, рече  д-р Зоран Перишиќ, директор на Клиничкиот центар во Ниш.

Во несреќата најмладиот загинат рудар има 31 година. Извлечени се и другите рудари кои во моментот на несреќата биле внатре во рудникот, а на повредените им е укажана лекарска помош. Рударскиот инспектор и другите надлежни органи се на терен и ги истражуваат причините за несреќата.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе