Вести Свет Топ вести

Експлозија во рудник во Србија. Најмалку 8 рудари загинаа, а 20 се повредени

Експлозија се случи во рудникот „Соко“ во Алексинац, Србија. Најверојатно станува збор за експлозија на метан и дел од јамата се урнал.

Осум рудари загинаа, а 20 се повредени, изјави за РТС директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ.

Тој рече дека нема информации за уште колку рудари се затрупани во урнатините.

Досега од рудникот се спасени десетици рудари, кои останаа затрупани по уривањето на јамата.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот. Во рудникот „Соко“ се сместени бројни екипи на Брзата помош.

„Во Општата болница во Алексинац се згрижени 18 рудари – 15 со полесни повреди, двајца со повреди на лакотниот зглоб и еден со сериска фрактура на пет ребра, но и тој е надвор од животна опасност“, изјави началникот на здравствениот центар Живадиновиќ.

„Неколку околни центри ги испратија сите свои екипи што можеа, дел од нив беа пренесени во Општата болница Алексинац“, додава Живадиновиќ.

„Сите неургентни пациенти и операции што беа планирани беа откажани, пациентите беа пуштени, ги мобилизиравме другите одделенија во зградата. Во моментов немаме проблеми со капацитетот“, рече тој.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе