Нема да се отстранат сите анти-Ковид рестриктивни мерки одеднаш, дециден е министерот за здравство, Беким Сали.
Според него, во моментов доволно е тоа што маските во основните и средните училишта веќе не се задолжителни.
Во однос на вакцинацијата, таа сè уште не е на задоволителното ниво затоа што ни половина од населението не е имунизирано смета Сали, но задоволен е што луѓе доаѓаат да се вакцинираат во мобилните пунктови низ помалите населени места.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.