Единствениот македонски претставник на Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Белград настапи уште на првиот ден.
Јован Стојоски беше дел од квалификациите на 400 метри и во својата група го освои последното четврто место додека во вкупниот пласман му припадна 21-та позиција од вкупно 24 натпреварувачи.
Стојоски на целта пристигна со време од 47 секунди и 80 стотинки што е скоро за половина секунда побавно од неговиот најдобар резултат сезонава.
Најдобар во квалификациите беше Жилиен Ватрин од Белгија кој забележа време од 45 секунди и 88 стотинки што е нов национален рекорд.
ФОТО: Игор Паневски