Останато Спорт

Дехари ќе биде единствен знаменосец на отворањето на Игрите во Пекинг

Скијачот Дардан Дехари ќе биде единствен знаменосец на Македонија на утрешното свечено отворање на Зимските Олимписки игри во Пекинг. Ана Цветановска отпадна од комбинација, поради позитивен тест на Ковид-19 на нејзиниот тренер.

Првично беше предвидено Дехари и Цветановска заедно да го носат македонското знаме на отворањето, но нашата нордијка нема да може да ја има таа чест. Цветановска иако е негативна на коронавурисот на досегашните тестови, поради близок контакт со нејзиниот тренер Борче Јовановски преземени сите мерки на претпазливост. Од Македонскиот олимписки комитет велат дека доколку Јовановски има два последователни негативни теста веднаш ќе може да се врати во олимпиското село и да го напушти хотелот во кој е сместен поради карантинот.

Токму Цветановска е нашата прва преставничка на Игрите и треба да настапи на 5.февруари, а потоа и на 10 февруари во крос кантри. Вториот наш нордиец, Ставре Јада исто така ќе настапи во две дисциплини на 8 и 19 февруари, а скијачот Дехари ќе се натпреварува во слалом и велеслалом на 13 и 16 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе