Останато Спорт

Два дена до почетокот на ЗОИ во Пекинг

За неполни 48 часа свечено ќе бидат отворени 24-тите Зимски олимписки игри што ќе се одржат во Пекинг, кој има посебна чест да биде првиот град кој во историјата бил домаќин на најдобрите спортисти на летните и зимските игри.

Според последните податоци во кинеската престолнина ќе настапат околу 2900 натпреварувачи од 90 земји, а ако се земат в предвид останатите членови на делегациите, помошниот персонал, волонтерите и сите оние што ќе се грижат за регуларноста на натпреварувањата вкупна бројка на инволвирани лица изнесува 25.000. Учесниците на Игрите ќе се борат за 109 трофеи во 15 спорта што е за четири дисциплини повеќе во однос на претходните што се одржаа во Пјонгчанг.

Спортистите за медалите ќе се натпреваруваат на 13 борилишта од кои пет веќе се користеле за потребите на Летните игри пред 14 години. За разлика од пред четири години овој пат процентуалната застапеност е на страната дамите.

Од вкупниот број учесници 55 проценти се жени, кои ќе се борат за 46 златни медали. Организаторот ангажираше 1140 медицински лица што ќе се грижат за здравјето на сите инволвирани, а на церемонијата на свеченото отворање што ќе се одржи в петок ќе партиципираат 4000 лица, но за жал на трибините нема да има гледачи.

Вкупниот буџет на Игрите изнесува 4 милијарди евра од кои 880 милиони се покриени од страна на Интернационалниот олимписки комитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе