Останато Спорт

Легендата Том Брејди оди во пензија со седум шампионски прстени

Еден од најдобрите играчи во историјата на НФЛ-лигата, Том Брејди денеска и официјално објави дека се повлекува од спортот. Квотербекот имаше неверојатна кариера што траеше цели од 22 сезони.

Тој денеска се огласи преку социјалните мрежи и потврди дека повеќе не може целосно да се посвети на американскиот фудбал. Со 44 години и 22 сезони, време е да го остави спортот на помладите.

Брејди веројатно ќе биде запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на НФЛ-лигата. Тој во 20-те сезони минати во дресот на Њу Ингланд пејтриотс, кои го драфтуваа како 199-ти пик, освои шест шампионски прстени, а последниот го освои во дресот на Тампа Беј Букенерс минатата сезона. Откако оваа сезона не успеа да стигне до Супербоул натпреварот со тимот од Флорида, реши да стави крај на богатата кариера.

Пет пати беше прогласуван за МВП на Супербоул натпреварите, а три пати во регуларниот дел од сезоната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе