Вести Македонија Топ вести

Рашковски седна на обвинителна клупа, но рочиштето заврши поради отсуство на обвинета во случајот „Софтвери“

Почна и заврши судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица е осомниченн за нелегалната набавка на софтвер. Тендерот од 81.000 евра го доби компанијата „Инвока“, чиј сопственик исто така е во притвор.

Една од обвинетите во случајот, Маја Сиљановска, не пристигна на денешното рочиште, а нејзиниот адвокат бил болен од корона.

До судот пристигнале неколку поднесоци со листа на докази, но и барање до судот расправата да ја следи и државен правобранител, барање кое судот го прифати.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството тврди дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ќе го води судскиот процес.

Рашковски за парите, софтверот, картичките, хациендите со тврдење дека мекиците се „виновни“ за салдото на сметките на неговите деца

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе