Вести Македонија Најважни

Рашковски за парите, софтверот, картичките, хациендите со тврдење дека мекиците се „виновни“ за салдото на сметките на неговите деца

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој е на обвинителна клупа поради злоупотребата на својата функција во случајот „Софтвери“ го обвини обвинителството дека нуди  докази обезбедени на незаконит начин.

-Ние се жалиме на докази кои што ако ги погледнете и по својата содржина и форма како се прибрани ќе сфатите дека тоа се докази кои што на незаконит начин се прибрани. Само како пример би навел дека не може вие да имате доказ во користење на постапката, обвинителството на компјутер седнало и во ворд направило текстуални пораки кои што во една секунда заборавило да го смени времето. Во една секунда имате 43 пораки. Не може обвинителството да дава докази на кои јасно се гледа дека произлегуваат од незаконит начин на прибирање на докази од некакви телефони. Не може да импутира докази дека се тоа некакви пораки на кои што и од самиот производител стои дека не може да утврди за каков вид на податок станува збор, изјави Рашковски пред новинарите кои го следат судењето.

-Ќе имаме едно навистина интересно судење , кое што би требало во македонското правосудство особено во делот на компјутерската форезинка да имплицира понатаму поквалитетен начин на прибирање на дигиталните докази. Срамота е лица кои што немаат ниту познавања, ниту лиценци, ниту се вештаци да им се дава да чепкаат по приватни податоци на лица на кои што им се одземени телефоните, коментираше Рашковски, обвинет за нелегална државна набавка на софтвер којшто претходно сам го патентирал како негов изум, пред да стане функционер.

Судењето беше одложено поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска. Рашковски пред новинарите изјави дека во своја одбрана има поднесено 20 нови докази помеѓу кои како сведок се појавува и поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

-Побаравме одредени лица кои ќе ја докажат целата постапка и доставивме докази дека не може вие да тврдите дека мои средства платени на моја сметка уплатени во 2015 година, потекнуваат од тендери од 2019 година. Познато е дека јас во 2015 година не сум бил функционер, рече Рашковски.

На новинарско прашање до каде е со изградбата на хациендите, тој вели такво нешто нема, и ги повика новинарите да го посетат местото и да се уверат дека станува збор за купен плац, за кој вели Рашковски бил купен со негови средства, односно од кредит кој што е земен за таа намена.

-И тие средства ако ги видите, потекнуваат односно кредитот потекнува со обезбедување на средства од моментот кога не сум бил ниту функционер, а тоа е од 2013 година. Истите тие средства ако го споредите имотниот мој лист од 2017 година кога сум влегол на функција и 2021 година кога сум излегол ќе видете дека не постои разлика освен кај подароците на моите две деца прибрани од родендени, крштевки, мекици, прослави. Друг податок, зголемување на имотот не постои, тврдеше Рашковски.

На прашање колкав имот поседуваат неговите деца, тој вели дека  имаат  заштеда која што е само од нивните родендени, а се друго децата што поседуваат е негов имот кој што го имал и пред да стане функционер.

-Се вулгализира цела ситуација, поради тоа што и станот и имотот кој што е во Струмица и подвижните средства сум ги имал и пред да станам генерален секретар. Сето тоа е префрлено. Како секој родител, ние сме традиционална земја, кога секој родител сака неговите деца да имаат нешто, вели Рашковски, кој меѓу другото е обвинет и затоа што од вработени хонорарци во владата, месечно им земал по процент од платата затоа што ги вработил.

Појаснувањата на Рашковски наспроти тврдењата дека нелегално стекнатите пари ги префрлал за исплата на кредит се всушност рефундирани средства од институцијата каде што бил вработен за средства односно трошоци кои ги имал на службени патувања.

-Станува збор за уплата на кредитни картици. Сите знаеме како функционери кога одиме на пат имаме одредени трошоци. Функционерот има две опции или да земе аванс од институцијата каде што е вработен или пак да троши средства, па кога ќе се врати тоа да го надополни. Обвинителството ја гледа само страната на приливи, односно страната на уплати. Кога сум патувал, кога сум одел во хотел, или ако сум патувал сум точел гориво во странство сум плаќал со моја картица, кога сум се враќал од пат тие средства биле рефундирани сите знаат по благајничко работење, дека тие средства се рефундираат во кеш. Нормално е кога вие ќе ги добиете рефунцираните пари да си го покриете минусот на салдо. Меѓутоа обвинителството тоа не сака да ви го прикаже како такво, туку велат ставал пари на својата картица, а не ја гледа страната дека тие пари се трошени за оправдани трошоци, вели Рашковски.

Следното рочиште за случајот „Софтвери“ е закажено за 24 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе