Гледачи на Телма испратија фотографии од автопатот Скопје-Миладиновци и Скопје-Велес.
Се жалат дека на автопатот има неисчистен снег, но како најголема опасност го потенцираат мразот кој поради ниските температури и ветрот на патиштата се формира на асфалтот.
Најмалку едно возило излетало од патот, а на фотографиите се гледаат и излизгани камиони.

Екипи на Македонија Пат активно се вклучија и во чистење на снежниот нанос на патот Гостивар – Стража.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.




