Вести Македонија Топ вести

Кошаркарскиот репрезентативец Ѓуровски повреден во тепачката на ски-лифтот во Маврово, за Слободен печат изјавил дека биле начекани во заседа на жичарницата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски, е еден од повредените на скијачките терени во Маврово, во тепачка во која учествувале две групи, една од Косово, а другата од Гостивар, објави Слободен печат.

Тепачката се случи на 2-ри јануари поради редот за ски лифтот. Имаше двајца повредени, а 18-годишно момче од Косово има повреди на главата. На двете страни имало по 4-ца учесници во инцидентот.

Кошаркарот Ѓуроски кој настапува за Пелистер потврдил дека е повреден без да даде многу детали за инцидентот по кој постапува гостиварското обвнителство.

– Добар сум, имам скршеница на десната рака, подлактицата ми е скршена. Успешно бев опериран вчера. Следува пауза од месец ипол или два, за закрепнување. Тоа секако негативно ќе се одрази на мојата сезона. Но, ќе се трудам да се вратам што побрзо и да бидам уште поподготвен кога ќе се вратам. Не би сакал да коментирам поопширно, меѓутоа бевме нападнати, така да кажам, од заседа. Се качувавме по ски-лифтот и тие горе не чекаа со извадени скии, подготвени – изјавил Ѓуроски за Слободен печат.
Како што објави Телма вчера, инцидентот почнал кога 4-ца скијачи од Косово преку ред тргнале на жичарницата.

 

Поради прередување на ски лифт избила тепачката во Маврово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција и Германија согласни за поголем притисок врз Русија за прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

(Видео) Не сме службеници од втор ред – полицајците на протест поради ниските плати и, според нив, неправедната судска пракса

Дејан Дејан

Среде пладне кавадарчанец се напил и стигнал до 2,52 промили – полицијата го фатила кога излетал од патот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе