Вести Македонија Топ вести

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, ќе му се суди за нелегалната набавка на софтверот

На поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковки ќе му се суди за нелегална набавка на софтвер и перење пари.

Кривичниот суд го прифати обвинението, против седумина од кои тој е првообвинет и се очекува предметот да биде распледелен кај судија.

Случајот со набавката на софтверот од 81.000 евра, кој никогаш не бил ставен во употреба, беше обелоденет на почетокот на март. Но тој е овинет и дека спроведувал јавни набавки давајки насоки што упатувале на конкретен патент.

Така на четири фирми им овозможил да склучат договори и да се стекнат со корист од околу 30 илјади евра.

Во моментов тој е  во домашен притвор, а вчера ДКСК објави нов скандал поврзан со него во кој за услуга за фирма како генерален секретар за сопругата издејствуал подарок автомобил.

Тој пак денеска реагира дека не се работи за скапо возило и побара ДКСК да каже како ја процени вредноста од 50 илјади евра, а како доказ понуди и фотографии

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца американски војници се убиени, а еден засега се води како исчезнат во иранските напади во Јордан

Igor Trajkov

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе