Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Очекувам Ковачевски да ги продолжи политиките на Заев

Од новото раководство на СДСМ и мандатарот Димитар Ковачевски очекувам продолжување на политиките на Зоран Заев, неуспеси и немање стратегија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за време на посетата на Општина Бутел.

– Имав прилика да слушнам едно интервју на Ковачевски, стерилно, буквално не можам да препознам некоја политичка, лидерска реченица која ќе можам да ја коментирам. Затоа очекувам само продолжување на политиките и ништо друго, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека од Ковачевски не слушнал ништо ново и не очекува никаков пресврт во однос на политиките на Владата што тој ќе ја предводи.

Мицкоски истакна дека иако, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието и со најмногу градоначалници, претседателот Стево Пендаровски одлучил да го даде мандатот за состав на нова влада на лице „кое не учествувало на изборите, ниту ја побарало довербата, ниту има каков било народен легитимитет“.

Во врска со случајот на екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски, кој според наводите, за возило од 50.000 евра, пријавил награда од само 5.000 евра,

Мицкоски посочи дека доколку институциите не реагираат веднаш, само ќе докажат дека се нефункционални.

– Ги повикувам институциите тоа да го истражат и веднаш да покренат постапка затоа што само така ќе докажат дека се непристрасни и дека надвор од политичко влијание, рече Мицкоски.

Во однос на најавата на Владата за доделување на 45 илјади ваучери по 1000 денари за надминување на енергетската криза, Мицкоски оцени дека тоа е политика „купи ден продај“ и доказ дека власта нема „стратегија ниту знаење за справување со енергетската криза во државата“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе