Вести Македонија Топ вести

Судот ја „замрзна“ предновогодишната аукција за Славија- директорот Асани утре ќе го претставува падот на трговскиот гигант, ВМРО-ДПМНЕ соопшти „спречивме грабеж“

Директорот на агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани не сакаше да ги коментира објавите дека е стопирана аукцијата на државниот капитал во Славија. Фокус објави дека планираната предновогодишна аукција на акциите кои државата ги има во Славија е откажана, а опозицијата се пофали дека го сопрела грабежот.

Од владата пак испратија соопштение дека станува збор за судска одлука за времена мерка.

-Продажбата на АД Славија е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето од страна на Кирил Кочевски, поранешен сопственик на акциите на АД Славија. Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД Славија поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од судот, соопштија од владата.

Асани не сакаше да ги коментира наводите за откажување на аукцијата, а телефонски ни изјави дека утре ќе биде презентиран целиот историјат на Славија и начинот како се отуѓувале дуќаните на овој трговски гигант во период од 2012-та до 2017-та година.

ВМРО-ДПМНЕ пак соопшти дека заедно со јавноста ја спречиле распродажбата на државен имот во Славија вреден 20 милиони евра за помалку од 300 илјади евра на аукција.

-Сакаа да ја продадат на криминален начин, за без пари, да си ја присвојат и потоа да профитираат во милионски суми. Едноставно да се дообогатат преку ноќ одредени луѓе кои што би ја купиле. Нормално, тие луѓе се блиски до СДСМ и до власта. Е така не може.  Така може да си препродаваат само штабови на СДСМ и имот на СДСМ. Особено сакам да им честитам и на вработените во АД Славија, кои одлучно покажаа пркос и поддржаа Славија да не оди на продажба на ваков криминален начин каде што ќе бидат оштетени, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од големиот имот на Славија, во сопственост на оваа фирма сега е големата управна зграда во близина на ФОН и магацински простор во Кисела Вода. Почетната цена за акциите во државна сопственост беше околу 218 илјади евра. Славија иако полумртва фирма се уште остварува заработка од над 50 милиони денари годишно преку издавање на деловен и магацински простор.

Славија има и долгови, но во јавноста се споделуваа различни суми, според власта и директорот Асани, фирмата во 2012-та должела околу 17 милиони евра, додека ВМРО-ДПМНЕ покажа документи на кои е наведена сума од околу 4 милиони евра како долг.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе