Ако Кичево во минатото беше полигон не само за меѓупартиска, туку и за меѓуетничка битка, денес секој со секого коалицира и секој од секого ги бара гласовите за победа. Кичевчани ќе избераат градоначалник во вториот круг, во кој одат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски и кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник Фатмир Дехари Предизборната атмосфера се чувствува насекаде, па ги прашавме граѓаните за нивните очекувања. Едни се задоволни и се надеваат на уште подобро.
-Двајцата се добри и нека одлучи народот. Кој и да дојде се надеваме дека ќе биде подобро за сите нас, вели кичевчанец
-Недостигаат некои патишта треба да с еасфалтираат, има и други работи, но во градот е направено нешто, вели друг кичевчанец.
Други веќе изгубиле надеж и се разочарани од локлната власт.
-Работата пред избри една недела и после ќе ги снема. Фирми нема скоро никакви, нешто приватно, не функционира скoро ништо, вели жител на Кичево.
-Младите ако живеат како нас, нека си одат кај што треба и готово, вели друг кичевчанец.
Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ има предност од 250 гласа пред Дехари од ДУИ. Тој очекува победа во вториот круг со гласовите на кичевчани, на нивните симпатизерите, но и на коалиционите партнери од албанскиот блок. Верува дека за него ќе гласа и дијаспората која ДУИ ја повикува на помош за нивниот кандидат, но очекува поддршка и од гласачит на поранешниот функционер на ДУИ, Фатмир Лимани, кој во првиот круг настапи како независен и освои 4500 гласови.
-Овој кандидат ко освои помалку гасови беше опозиционо распложен, во многу принципи и ставов се согласуваме. И мотото на Фатмир Лимани е дека бара чесна и искрена работа во интерсе на сите граѓани, бара да го запреме трендеот на иселување, биидејќи без нашите деца нас тука ништо не ни е потребно, така што очекувам голема поддршка од нивна страна, рече Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево
Иако претходно некои медиуми пренесоа дека Лимани му дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, тој се огласи преку социјалните мрежи и рече дека не ги купил гласачите со пари и нема право да тргува со нивната воља.
-Народот, а посебно иселениците кои ни веруваа и гласаа, се поголеми визионери и подостојни од политичарите. Така што сите треба слободно да ја искажат својата воља, напиша меѓудругото Фатмир Лимани на ФБ.
СДСМ веќе објави дека во Кичево ќе го поддржи Дехари, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја повика кичевската дијаспора на 31 октомври да се врати дома и да гласа за нивниот кандидат.
-Актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, кој на овие локални избори бара трет мандат можевме да го видиме само на големите билборди низ градот. Тој остана недостпаен и не одгвори на поканата да биде дел од оваа репортажа.
Во градот со 56 илјади жители и голема дијаспора, во првиот круг од изборите имаше 45 проценти излезност. Кампањата на кандидатите за градоначалник продолжува, а составот на општиснкиот Совет е веќе познат. Ќе има 8 членови од ДУИ, 7 од ВМРО-ДПМНЕ, 3 СДСМ, по еден советник имаат Алијанса/Алтернатива и ЛДП, а за првпат сега во овој состав на Совеот на Општина Кичево влегуваат и тројца независни советници од листата на Фатмир Лимани.
Емилија Мисирлиевски