Вести Локални избори 2021 Македонија Најважни

СДСМ за обвинувањата на Ковачки-Куп лаги и манипулации, институциите да проверат

-И за овој куп лаги на ДПМНЕ да распука како меур од сапуница, бараме од институциите итна постапка и расчистување на овој случај. Јавноста треба да знае дали било која институција креирала таква група и дали наводните дејствија презентирани на прес-конференција било кога реално се случиле, реагира СДСМ на обвинувањата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ за формирање на полициска група во Прилеп за заплашување и малтретирање на гласачи.

СДСМ во целост се оградува од какви било нерегуларности или конструкции за нерегуларности за овие избори. СДСМ води искрена, приземјена, отворена и јавна комуникација со граѓаните и ги отфрла сите обиди со кои наводни вибер групи би требало да докажат дека СДСМ се занимавал со следење луѓе на денот на избори, истакнуваат од владечката партија

Од СДСМ наведуваат: „Тоа време заврши пред четири години, тоа е времето на МВРО-ВМРО од кое граѓаните денес се заштитени и преку институциите и преку севкупниот демократски амбиент. Граѓаните од 2016 година наваму гласаат слободно, а сите четири изборни циклуси од тогаш наваму, како и референдумот, се потврдени како целосно слободни, фер и демократски.“

Во пресрет на вториот круг се засилува Центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на 31 октомври масовно ќе излезат на гласање и со демократски методи ќе спречат враќање на режимот и злоупотреба на институциите во партиски цели, потенцираат од СДСМ.

Полковник Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ обвинува полицајци блиски до власта за злосторничко здружение за изборни притисоци и закани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе